Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година.

— реклама —

Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата.

— реклама —

Со измените, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милијарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит, како што информира Владата, се задржува на непроменето ниво.

— реклама —

Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски.

— реклама —

Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 3 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања