Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Владата го утврди текстот на дополнетиот Предлог Буџет 2020 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
001

На денешната редовна 170-та седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на дополнетиот Предлог-Буџет 2020 година. Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на Предлог Буџетот 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот Предлог-Буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на Северна Македонија на усвојување.

На оваа седница на предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022 година.

— реклама —

Ревидираната Фискалната стратегија е во согласност со Законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања