Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Владата и Ковачевски за доброто на граѓаните веднаш да ги прифатат петте предлог мерки на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovacevski

Енергетската и економска криза се сериозна закана за стандардот и квалитет на живот на граѓаните, но и за опстанок на стопанството и економијата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека народот е гладен и сиромашен, од Ковачевски и СДС слушаме само демагогии, а не конкретни мерки и чекори.

— реклама —

Секој ден губење значи само продлабочување на енергетската, економската и социјална криза. Ковачевски и власта мора да ја сфатат сериозноста на ситуацијата во која ја донесоа државата и граѓаните, и во склад со тоа навремено и со конкретни мерки да работат на решавање на истите.

Но, бидејќи не знаат како, ВМРО-ДПМНЕ како партија на народот која работи во интерес на сите граѓани, предлага излез од кризите преку 5 конкретни мерки и тоа:

— реклама —

1.Предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство, наместо како до сега што ги продаваше власта преку матни и криминални зделки на трговци.

2.Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. Со овој начин ќе се спасат илјадници работни места кои висат заради неликвидност на компаниите. Доколку власта го прифати ова илјадници граѓани наместо на улица ќе продолжат да работат и да егзистираат.

3.Веднаш да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за граѓаните. Прехранбените производи поради ненавремената реакција и незаинтересираноста на власта се покачија од 50 до 100%, а според информациите кои се пласираат во медиумите, цената на истите допрва ќе расте. Преку оваа мерка ќе се заштити стандардот на граѓаните.

— реклама —

4. Откажување од воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта, со што ќе им се помогне и на граѓаните и на компаниите.

5. И како последна предлог мерка, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна Банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање на фирми. Само за една година во државата се затворени 12.000 компании што е поразителен факт не само за власта, туку и за македонската економија.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни и издржани мерки кои ќе значат пребродување на економската и енергетската криза.

Затоа Владата да се надмине себеси и веднаш да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за доброто на сите граѓани и стопанството“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања