Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Владата и синдикатите постигнаа договор, од септември 2023 година 10% повисоки плати и нова Методологија за пресметка на плати во јавниот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Владата и синдикатите по успешните преговори и отворен дијалог, дојдоа до заедничко решение кое трајно ќе го реши прашањето за платите на вработените во јавниот сектор.

— реклама —

На вчерашниот работен состанок, двете страни договорија 10% раст на платите од септември 2023, како и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година од 10.000 денари, кој ќе биде исплатен до крај на годината.

Покрај ова постигнат е и договор за системско покачување на платите во јавниот сектор, преку методологија која ќе го реши овој децениски проблем. Новата методологија за пресметка на плати во јавниот сектор, која ќе биде дел од општиот колективен договор, ќе се добива од просечната плата помножена со коефициент и истата ќе се пресметува од март 2025 година.

— реклама —

Со ова, по 17 години ќе се донесе нов Општ Колективен договор со кој се внесува системско решение за платите во јавниот сектор кое ќе гарантира раст на платите беа политички калкулации. Во општиот колективен договор, според вчерашниот договор, ќе биде дефинирана и исплата на минимум износ на регрес за годишен одмор во износ од 30% од просечната нето плата.

— реклама —

Постигнатиот договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Синдикатите е резултат на посветеноста на Владата за примена на политики коишто се во интерес на правата на работниците и заштита на стандардот на граѓаните, со што се влијае и врз растот на домашната економија.

Утврденото решение ќе биде доставено до Економско-социјалниот совет, каде во текот на наредните денови се очекува да биде усвоено.

— реклама —

Владата на Република Северна Македонија и понатаму ќе продолжи да работи во насока на обезбедување на подобри услови за работници, подобар животен стандард, како и овозможување на просперитетна и европска иднина за државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања