Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Владата и средношколците се договорија, матура на 5 јуни со два екстерни и два интерни предмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
15022021_PVRSM_Zaev_sredba-Sojuz-na-srednoskolci

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција информираше дека е пронајдено решение со средношколците, кои бараа бројот на екстерни предмети да биде два.

— реклама —

„Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се согласивме да се трансформира во интерен испит. Вака ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на некој од домашните или странските престижни универзитети. Се договоривме и за формирање на работна група меѓу Бирото за развој на образование во надлежност на МОН и Сојузот на средношколците каде ќе се одлучува за кратење на програмите за екстерните испити“, посочи Заев.

Сегашниот модел се состои од три екстерни и еден интерен. Едно од нашите барања, покрај другите 9, беше третиот есктерен предмет да се симне на ниво на интерен. Значи, да се полагаат два екстерни и два интерни предмети.  Поените за интерните ќе се добиваат врз основа на просек и оценката од испитот, велат од Сојузот на средношколци.

— реклама —

Матурата оваа година наместо на 29 мај, ќе започне на 5 јуни.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања