ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Владата и владините служби нема да користат пластична амбалажа за еднократна употреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
plasticni3330

Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за престанок на користење на пластична амбалажа во органите на државната управа, и ја задолжи Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на Претседателот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, министерствата и органите во состав, секретаријатот и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија и Уставниот суд на РСМ, да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и други пијалаци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.

— реклама —

Се задолжува Службата за општи работи и услуги и сите министерства и органи во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија кои непосредно набавуваат за свои потреби некои од наведените производи, при објавување на повик за јавни набавки да постават услов дека нема да ја склучи јавната набавка доколку производителот не докаже дека, најмалку за тековната година, ги спровел во целост обврските за проширена одговорност согласно со прописите за посебните текови на отпад и задолжително во понудата да се доставува и „Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпад од пакување“, односно „Потврда за склучен договор за преземање на обврска за постапување со отпадна опрема која е основа за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадна опрема“ или, соодветно, „Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпадни батерии и акумулатори“.

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања