Промени тема
Контакт

Владата иако знаела дека ќе има криза потрошила 2 милиони евра на луксуз, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Владата се однесува неодговорно и расипнички во сред криза. Од 1 ноември минатата година до денес. За период од 5 месеци владата потрошила скоро 2 милиони евра за непродуктивни расходи, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека владата вели дека има криза, и дека треба да се штеди, зад завесата трошат големи суми народни пари на луксуз.

Собранието на Република Македонија кога некој граѓани нема како да се прехранат или да платат сметки набавува услуги за мобилни телефони во висина од 11.800.000 денари.

ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, во време кога знаеле дека ќе има криза, за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари. Ако сакале да заштедат и ако сакале да превенираат со трошење пари, ќе искористеле некоја од државните институции која што може да направи процена на деловниот имот и ќе ја направеле процената, а претпријатието ќе ги заштедело овие 4.7 милиони денари.

— реклама —

Републичкиот совет за безбедност при сообраќај одвоил околу 5 милиони денари за услуги за печатење.

Ова се само дел од набавките на име непродуктивни трошоци, пари кои наместо за ова, можеле да се пренаменат каде што имало поголема потреба.

Дали сиве овие набавки беа неопходни? Одговорот е не! Дали можеа парите наместо за непродуктивни расходи да се пренаменат за нешто друго, одговорот е да! Но со оваа влада нема домаќинско работење, само богатење на грбот на народот на една тесна клика на луѓе околу врвот на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Дали ова е причината претставници на власта за неприфаќањето да се намали акцизата за горивата за 50%?

Дали наместо да се помогне на народот, тргате пари на страна за матни набавки, кои ниту се неопходни, ниту нужни?

— реклама —

Дали буџетот и во време на криза се користи само за личните потреби на власта?

Ковачевски треба да знае дека водењето на државата во кризни моменти, носи уште поголема обврска и одговорност, и секое нерационално управување со средствата на граѓаните ќе подлежи на одговорност во иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања