Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Владата им честита на сите граѓани и пратеници за преземената одговорност со која се отвораат вратите за НАТО и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Граѓаните на Република Македонија, преку нивните претставници во Собранието, вечерва, со прифаќањето на уставните измени, напишаа ново, историско поглавје на нашата државност, велат од Владата на Република Македонија.

„Тоа е чин кој оддава државничка одговорност и силен патриотизам зашто ги прави апсолутно остварливи двата најголеми државни интереси – членството во НАТО и ЕУ. Пратениците, имајќи го предвид врвниот интерес на граѓаните, гласаа за договор кој овозможува меѓународно интегрирање и признавање на нашата земја како суверена држава, со целосно потврдување на идентитетските посебности на Македонците и на сите граѓани на земјата.

— реклама —

Остварувањето на овие придобивки дојде преку прецизирање на името на нашата држава со географската одредница – Република Северна Македонија.

При тоа, македонскиот јазик ќе биде меѓународно признат во сите сојузи. Нашата химна, нашето знаме - остануваат исти и заштитени. Нашето државјанство ќе биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија.

— реклама —

Денеска отворивме нова, светла перспективна иднина за сите граѓани на нашата земја, за доброто на нашите деца. За мирна, безбедна земја, каде што Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други етнички заедници ќе живеат подобар и просперитетен живот.

Владата на Република Македонија изразува благодарност до сите граѓани и до сите поддржувачи и партнери на земјата, за големата и значајна поддршка низ целиот процес на прифаќање на Договорот од Преспа, со кој се обезбедува иднината на државата како рамноправна членка на НАТО и ЕУ“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања