Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Владата им се заблагодарува на телеком операторите што со СМС пораки ги известуваат граѓаните за мерките за заштита и спречување на коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
direkcija-4

Владата на Република Северна Македонија им се заблагодарува на телеком операторите што ја прифатија препораката со СМС пораки да ги известуваат граѓаните на општините Дебар и Центар Жупа за мерките и советите за справување, заштита и спречување на коронавирусот.

Пораките што ќе ги добиваат граѓаните ќе бидат поврзани со најновите информации и препораки, а првата СМС порака што ја добија граѓаните е со следната содржина:

— реклама —
Препораки за граѓаните на Дебар и Центар Жупа:

1. Останете дома, освен за итни и неодложни работи. Почитувајте ги препораките на Министерството за здравство. Не се собирајте во групи.

— реклама —
2. Доколку имате симптоми на корона вирус (слични на настинка или грип) веднаш одете во Болницата во Дебар.

3. Ќе продолжат да работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Банките и Поштата ќе работат со скратено работно време.

4. Доколку ви треба помош за испорака на храна или лекови, јавете се на телефоните на регионалниот центар во Дебар: 046/831-051.

— реклама —
Од сите нас зависи. Да бидеме безбедни и здрави, се вели во соопштението од Влада на Република Северна Македонија.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања