„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Владата ја поддржува и афирмира македонската фудбалска репрезентација и верува во успехот на нашите претставници на претстојното Европско првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
11052021_Koordinativno-telo_5

Координативното тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020 година денеска го одржа првиот состанок, на кој уште еднаш е нагласена главната задача на ова тело. А тоа е да се спроведат активности и идеи за поддршка на фудбалската репрезентација на Северна Македонија пред и за време на одржувањето на Европското првенство.

— реклама —

На состанокот се зборуваше на три клучни теми, функцијата и важноста на Координативното тело, спортската дипломатија како и логистичкиот план поврзан со патувањата на фудбалерите и навивачките групи во услови на пандемија.

„Македонската фудбалска репрезентација за прв пат учествува на Европско првенство во фудбал. Оваа историска можност треба да биде поддржана и од наша страна. Координативното тело ќе се заложи за промоција и целосна поддршка на нашата репрезентација. Верувам во успешна реализација на нашата замисла“, рече на состанокот претседателот на Координативното тело Наумче Мојсовски.

— реклама —

За време на состанокот преовладуваше афирмативниот став дека учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство претставува одлична можност за афирмација на нашата држава и дека тоа е шанса за спортската дипломатија да одигра важна улога во остварувањето на нашите национални интереси и стратешки цели.

На состанокот беше истакнато дека за остварување на овие цели се очекува силна институционална поддршка за активностите што Координативното тело ќе ги усвои за непречено спроведување на истите со цел поддршка за учеството на македонската фудбалска репрезентација на овој голем спортски настан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања