Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Владата ја усвои информацијата на МИОА за мапирање на јавните институции и локации за бесплатен WI-FI пристап

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
internet-terorizam

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со реализација на мерките утврдени во Националниот оперативен бродбенд план. Со таа цел, на последната владина седница беше усвоена информацијата за мапирање на јавни институции и локации за бесплатен WI-FI интернет пристап.

Имајќи предвид дека во соработка со Светска Банка во октомври 2019 година, треба да започне подготовката на Студијата за изводливост за изградба на Национална оптичка транспортна мрежа, на којашто понатаму ќе треба да се поврзат јавни институции и локации во општините за бесплатен безжичен WI-FI интернет пристап за граѓаните, неопходно е јавните институции и локалните самоуправи во најкус можен рок до јавното претпријатие Национална радиодифузија, да достават информации за нивното телекомуникациско поврзување (постојно и планирано) како и за локациите за бесплатен безжичен WIFI интернет пристап .

— реклама —

Исто така, Националната радиодифузија треба да обезбеди листа на јавни институции кои ќе се поврзат на мрежните јазли на Национална Транспортна Оптичка мрежа и листа на локации на кои ќе се обезбедува бесплатен безжичен WI-FI интернет пристап во општините, парковите... кои ќе се поврзат на мрежните јазли на оптичката мрежа.

— реклама —

Јавни институции на кои се однесува оваа информација се образовни институции- училишта, универзитети, библиотеки, истражувачките центри..., здравствени установи, министерства, судови, финансиски установи, локални самоуправи и други државни органи и тела.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања