Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Владата ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

На денешната 148. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка.

За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата во Општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата.

— реклама —

Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања