„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Владата ќе бара од претседателот ново продолжување на вонредната состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Pendarovski

Владата ќе побара од претседателот на државата, Стево Пендаровски, по истекот на вонредната состојба во сабота, тој одновно да ја прогласи на целата територија на државата. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека препораката е поради повеќе причини, но, конечната одлука ќе ја донесе претседателот Пендаровски по утрешниот состанок со Советот за безбеднсот.

— реклама —

„Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба поради повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплементирање на препораки и во периодот кој што следува“, рече Филипче.

Претседателот на државата, претходно кажа дека ако состојбата со коронавирусот се смирува, тој двапати ќе размисли дали ќе прогласи нова вонредна состојба, по трети пат.

— реклама —

„Важно е прогласувањето на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат само за време на вонредната состојба. Многу е важно тие да важат и понатаму. Важно е да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми. Во однос на рестрикцијата на движењето, уредбите кои што важат и така натаму. Се уште е важно да имаме инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести, практично можат да се имплементираат преку Владата“, рече Филипче.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања