Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Владата ќе ја одржи својата 131 редовна седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vlada-slika

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 131 седница со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница Владата на РМ ќе ја разгледа Информацијата за одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 во Република Македонија и формираната Меѓуресорска работна група (оперативен тим) за преземање активности за реализација и имплементација на Системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, што ќе ја презентира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

На предлог на Министерството за економија, на седницата ќе биде разгледана и Информацијата за склучување на Меморандум за соработка помеѓу Министерство за економија на Република Македонија и Министерство за трговија и индустрија на Република Косово во врска со контролата на стратешки стоки.

— реклама —

Владата на Република Македонија на седницата ќе биде запознаена и со Информацијата за напредокот на имплементирање на Стратегискиот одбранбен преглед за 2018, како и за работењето на Економско – социјалниот совет во 2018 година, што за оваа седница го предлага Министерството за труд и социјална политика.

Денеска владата ќе се произнесе по Предлог - решението за формирање на Kомисија за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

— реклама —

Владата треба да донесе мислење и за Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од 1 јануари до 31 декември 2018 година, како и за Извештајот за работата на Агенцијата за вработување на Република Македонија за минатата година.

— реклама —

На денешната седница на предлог на Секретаријатот за европски прашања ќе биде разгледана информацијата за организацијата на настан по повод одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања