Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Владата ќе одлучува за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada-19.02-pak

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 135 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

— реклама —

На оваа седница на предлог на Министерството за финансии и на Управата за финансиско разузнавање ќе се разгледа Предлог – одлуката за формирање на Совет за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

На денешната седница на дневниот ред на Владата на РМ ќе се најде и Информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги и план за целосна дигитализација на регистрите во Управата.

— реклама —

Министрите во владата денеска треба да се произнесат и за Предлог - Националната програма за координација и преземање на ефективни мерки за надзор на пазарот за 2019 и 2020 година, со Акциски план.

Министерството за внатрешни работи за денешната седница ја предложи Информацијата за прогресот во модернизација на ИТ системи во Министерството за внатрешни работи, како предуслов за размена на веб сервиси.

Министерството за здравство ќе ги презентира Информацијата за прогресот на активности во реализација на акцискиот план за проектот - Фузионирање на здравствени домови со општи болници во општините каде тоа е потребно, и Информацијата за прогресот на активности во реализација на проектот „Служби за помош и поддршка на стари лица Домашна посета и Домашен лекар“.

На денешната седница ќе се најде и Информацијата за реализација на активностите од Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија (2015-2019) во 2018 година, на предлог на Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања