Владата ќе одлучува за ново замрзнување на цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
market

Денеска Владата ќе одлучи дали ќе ги замрзнат цените на јајцата, шеќерот и на оризот. Анализите за овие производи се готови и ќе се разгледуваат на владина седница.

— реклама —

Владата веќе ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15%, а на млечните производи за 10%. Ваквите цени ќе важат до крајот на мај.

— реклама —

Синдикатите бараа цените да бидат замрзнати уште минатата година на почетоците на инфлацијата и затоа сметаат дека со сегашниот потег државата нема да ги ублажи животните трошоци на граѓаните.

— реклама —

Инфлацијата во земјава февруари годинава изнесуваше 16,7 отсто, во однос на истиот месец лани. Во Европа, повисока инфлација од Македонија имаат само балтичките земји, Полска и Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања