„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Владата ќе субвенционира, ќе ги врати ли „Виз ер“ летовите кои ги укина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-4

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за субвенционирање на нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид. Субвенциите ќе се даваат во наредните три години односно од 2023 до 2025 година и за оваа намена во буџетот за наредната година се предвидени 1,1 милион евра.

— реклама —

Како што кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании, а не само една односно унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ како што беше досега.

— реклама —

„Овој јавен повик е во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. Од нас е од исклучителна важност да привлеченме нови компании кои ќе оперираат на нови дестиции. Ќе бидат субвенционирани линии кои не биле оперирани најмалку две години“, рече министерот Бочварски.

— реклама —

Компаниите кои ќе сакаат да конкурираат на јавниот повик треба да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 и да летаат најмалку два пати неделно. Финансиската поддршка ќе се доделува со рангирање на новите дестинации и тоа според период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба.

„Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра по патник во заминување од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Целата постапка ќе се одвива на јавен и транспарентен начин и ќе избереме авиокомпании кои ќе достават најдобри понуди согласно критериумите во јавниот повик. Нашата крајна цел е да обезбедиме раст на авиосообраќајот во земјава, а на граѓаните да им овозможиме атрактивни дестинации согласно нивните потреби по прифатливи цени на билетите“, рече Бочварски.

Прашан дали е можно повлекување на нискобуџетната унгарска компанија „Визер“ од земјава со оглед на тоа дека новиот повик овозможува да се субвенционираат повеќе компании и нови линии кои досега не биле оперирани од Скопје, Бочварски рече дека „Визер“ не добива субвенции од државата од 2020, но и понатаму лета на голем број дестинации од Скопје и Охрид.

„Визер“ неодамна се откажа од летовите за Турку во Финска, Торино во Италија, Билунд во Данска од Скопје, а нема да ја обнови ни линијата од Охрид за Фридрихсафен во Германија. За време на корона кризата ги укина и летовите од Скопје до Барцелона и до Ларнака и од тогаш ги нема обновено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања