Промени тема
Контакт

Владата манипулира - Немаме најниски цени на горива, но најслаба просечна плата, порача партијата на Села

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sela-2

„Премиерот Ковачевски и повеќето министри, па дури и Бујар Османи, деновиве трубеа дека Северна Македонија има најевтини цени на горивата во регионот. Ова е скандалозна манипулација и воопшто не кореспондира со реалноста што ја доживуваат граѓаните и домаќинствата“, вели Алијансата за Албанците.

Тие додаваат:

— реклама —

„За да се утврди дали цените на горивата се евтини или не, тие треба да се споредат со просечната нето плата на една земја. Северна Македонија има поевтина цена за центи во споредба со земјите во регионот, но има помала плата која дистигнува до двојно. За споредба, просечната нето плата во Северна Македонија е 486 евра, додека во Босна 515 евра, во Црна Гора 527 евра, во Србија 634 евра и во Хрватска двојно повисока или 962 евра. Според овие официјални податоци, цената на горивото варира од 5 до најмногу 15 отсто или неколку центи, додека просечната плата варира од 30 отсто до 100 отсто или стотици евра.

— реклама —

За да имаме појасна вредност на цената на горивата и просечната плата, потсетуваме дека во Северна Македонија со просечна нето плата може да се купуват 342 литри дизел, додека во Бугарија 456 литри, во Србија 409 литри, во Грција 655 литри и во Хрватска 656 литри дизел.

— реклама —

Алијансата за Албанците ја повикува Владата уште еднаш итно да ги намали акцизата и ДДВ-то за горивото и да стави крај на грабежот на граѓаните во услови на криза“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања