Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Владата на Ковачевски се прикажува за лажен спасител на цената на лебот, а за министрите набавува леб од 80 ден, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

Лицемерието на Ковачевски кон граѓаните е класичен пример за целокупното негово владеење, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Донесе мерка која ни самите во владата не ја почитуваат, притоа претставувајќи се за спасител, во ситуација кога дозволи се да поскапе во Македонија.

Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година апелираше дека ќе дојде до оваа ситуација, но Ковачевски не сакаше да го заштити стандардот на граѓаните со соодветни мерки. Со нашите предложени мерки ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.

— реклама —

Наместо тоа, Ковачевски реши да ја поскапи струјата и дозволи цените вртоглаво да растат.

Ковачевски ако се грижеше за граѓаните немаше да дозволи инфлација од 20% во Македонија, стандардот на граѓаните да падне, а во исто време се живо да поскапе.

— реклама —

Затоа провидна е глумата и лицемерието на власта. Кога ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи следната Влада, ќе ги направи сите напори да го подигне стандардот на граѓаните, преку одржливи мерки, кои нема да бидат од денес за утре“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања