„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Владата на Република Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 123 седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
94-_45244979442_o

Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 123 седница, со повеќе точки на дневен ред од Програмата за работа на Владата за 2019 година, и од интерес на граѓаните.

— реклама —

На оваа седница Владата на РСМ ќе ја разгледа Информацијата во врска со потребата од поднесување на апликација за техничка помош за подготовка на Проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и иста таква информација за подготовка на Проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

На предлог на Министерството за економија на вечерашната седница на Владата ќе биде разгледана и Информација со нацрт текст од „Националната Стратегија за развој на туризмот на Република Македонија за 2016-2021 година со Акциски план 2019-2021”.

— реклама —

Министерството за информатичко општество и администрација за оваа седница на Владата на РСМ ги предложи точките  Предлог - закон за електронско управување и електронски услуги, Предлог - законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и Предлог - законот за централен регистар на население.

На оваа своја седница министрите во Владата на РСМ ќе бидат информирани за текот на реализацијата на активностите и сумарните статистички податоци за Е- обуката за родова еднаквост, како и за проектот за подобрување на електронската размена на податоци во институциите и развивање на дополнителни веб сервиси во интерес на граѓаните, што ги подготви Министерството за труд и социјална политика.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања