Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Владата на СДСМ и ДУИ државата ја прават директен учесник во немирите на северот на Косово и Метохија, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
10433134416471a45fcdd6c969778040_v4_big

Изминатите неколку месеци често сме сведоци на тоа како приштинските власти, на чело со Албин Курди, предизвикуваат нестабилност на северот на КиМ со тоа што спроведува репресивни политики вршејќи класично насилство над мирното српско население во КиМ, вели Левица.

— реклама —

„Репресии врз населението кое се обидува да ги заштити своите основни права на северот од Косово и Метохија би биле тешко возможни доколку не постоеше империјалистичката маша на КФОР. Имено, во многу наврати припадниците на КФОР употребуваа прекумерена сила за да ги задушат протестирачите кои легитимно се бореа за своите права погазени од репресивната власт, застанувајќи на страната на посилните и вооружените, а против обичниот народ.

— реклама —

Владата на СДС и ДУИ мината недела донесе одлука за испраќање на 31 припадник на македонската армија да учествуваат во „операцијата КФОР на КиМ, во период од 6 месеци“! Со ваквата одлука, марионетската Влада го продолжува директното учество во репресиите врз српскиот народ на Косово и Метохија, репресија која се спроведува во корелација и под палката на нашите „стратешките партнери“.

Левица, како и над деведесет проценти од македонското население, го осудува ваквиот потег на Владата. Македонија не смее да зазема страна во ваков конфликт, уште помалку да биде соучесник во репресиите кои ги врши воената алијанса.

— реклама —

Во духот на нашите платформски начела, повикуваме македонските војници да бидат повлечени, не само од КиМ, туку од сите воени мисии на НАТО, спроведувани за лукративните и империјалистички интереси на одредени земји од колективниот Запад. Согласно програмските заложби, Левица се залага македонската армија единствено да може да учествува во хуманитарни акции кои се под покровителство на ООН“, се додава во соопштението.

— реклама —

/%d0%b2%d0%be%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b4%d1%80%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d1%80%d0%b7-%d1%81%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%82" rel="attachment wp-att-227429">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања