Промени тема
Контакт

Владата на СДСМ и ДУИ е целосно одлепена од реалноста, во време на криза трошат на кафиња, цвеќиња и хотелски услуги, рече опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nova-vlada-2022

„Неспособната влада предводена од Ковачевски во време на криза се луксузира и ги троши парите на граѓаните за непродуктивни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Иако знаеле пред 4 месеца дека не очекува тешка економска криза, сепак СДСМ и Ковачевски продолжиле да се луксузираат и да трошат на непродуктивни работи.

— реклама —

Владата и Службата за општи и заеднички работи вчера признаа дека во време на криза, кога граѓаните и компаниите се оставени сами да се снаоѓаат, потрошиле 50.000 евра за набавка на кафе.

Пред само 10 дена, СОЗР исто така набавила и режано цвеќе во вредност од 50.000 евра. Целосна одлепеност од реалноста, во време кога владата и Собранието ги одби мерките на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за горивата и намалувањето на ДДВ за прехранбените продукти, СДСМ и Ковачевски си поклонувале режани цвеќиња.

— реклама —

Додека граѓаните чекаа пред бензинските пумпи за да заштедат некој денар, Владата потрошила над 200.000 евра за хотелски услуги. 200.000 евра, пари на граѓаните наместо да завршат кај граѓаните, се потрошени за луксузирања на министрите и Ковачевски.

— реклама —

За СДСМ, ДУИ и администраторот Ковачевски поважно е да пијат кафе, да си поклонуваат цвеќиња и да се луксузираат по хотели, отколку да им се помогне на граѓаните и стопанството.

Ова е вистинското лице на оваа расипничка власт, луксуз и забеганост. Побитен им е нивниот луксуз, отколку грижата за стандардот на граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања