Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Владата на Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
09022020_VRSM_8_Sednica_na_Vlada1

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 10-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата ќе биде разгледан годишниот извештај за работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за 2019 година.

— реклама —

На предлог на Министерството за економија на оваа седница е точката извештај за работата на Националниот комитет за олеснување на трговијата согласно обврските од Спогодбата за олеснување на трговијата во рамки на Светската трговска организација.

На денешната седница Владата ќе го утврдува текстот на предлогот за закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во Република Северна Македонија и Република Србија.

— реклама —

На предлог на Министерството за правда за оваа седница е предвидена и презентацијата на информацијата со извештај за реализација на Програмата за обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е предвидено како кривичнo делo на насилство и на други акти на индивидуално или групно насилство за 2019 година.

Редовната 10-та седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања