Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Владата набавува леб по цени од 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kupi-leb-naslovna_majkatiitatkoti

Владата на Ковачевски самата не ги почитува прописите кои ги пропишува. Додека Владата зборува за замрзнати цени на лебот, таа самата набавува леб по цена 30 до 100 % повисока од таа која самата ја пропишала, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Службата за општи и заеднички работи при Влада во втората половина од минатата година склучила договор за набавка на бел леб по цена од 41,4 денари за 450 грама. Очигледно кога се работи за народните пари власта не знае да штеди и да пресметува па дава и колку што треба и колку што не треба. Уште поеклатантен е примерот со белиот леб со продолжен рок кој што го плаќа за 75,6 денари за 450 грама.

— реклама —

Од Владата молчат за ваквите цени. Кога ги трошат народните пари немаат ограничувања. Според кои пресметки на Владата е логично да се набавува леб по овие цени кои се 30 до 100% повисоки од цените кои ги пропишува Владата? Зарем Владата набавува леб по цена која ги крши прописите на Владата и со тоа самите стануваат соучесници?

— реклама —

Ковачевски и неговата Влада се клучните одговорни за „лебната криза“ во Македонија, бидејќи со своите политики доведоа до целосен колапс и хаос на пазарот, којшто граѓаните го плаќаат. Токму народот со оваа Влада доживува највисока инфлација на цените, особено на прехранбените и основните производи, доживува празни рафтови, доживува беспарица и други дежа ву состојби од транзицијата.

— реклама —

Ова мора да престане. Оваа криминална и неспособна власт на ДУИ поддржана од СДС мора да замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања