Промени тема
Контакт

Владата направи план за одбележување на 4-ти февруари, МВР доби задолженија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
04022021_VRSM_Polozhuvanje_cvekje_Goce_Delchev-3

Владата, на денешната седница донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.

— реклама —
— реклама —

„Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност.

— реклама —
— реклама —

Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска“, велат од Влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања