Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Владата не го ограничува, туку штити коцкарското лоби“, Исмаил ја критикува владината политика за коцкањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
kockarnica

Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп Исмаил (Хактан), на прес-конференција ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека создава „привид“ за справување со коцкарската индустрија, додека суштински не презема мерки што би довеле до вистинско ограничување на секторот. Според Исмаил, предложеното решение со кое објектите за игри на среќа треба да бидат оддалечени 500 метри од училиштата е „половична мерка“ и претставува ПР-стратегија чија цел е да се намали јавниот притисок, без да се нарушат интересите на коцкарското лоби.

„Со ова решение Владата се обидува да нè убеди дека ги спасува малолетниците, додека истовремено остава целосна слобода коцката и понатаму да ги разорува семејствата под товарот на зависноста, сиромаштијата и долговите“, истакна Исмаил. Тој оцени дека коцкањето не е проблем само за младите, туку претставува „општествен паразит“ кој, како што рече, не создава нова вредност, туку ги извлекува средствата што ги создаваат работниците и нивните семејства.

— реклама —

Во прес-конференцијата, Исмаил посочи и дека голем дел од индустријата за игри на среќа е контролирана од странски капитал, поради што, според него, профитот се изнесува надвор од државата, додека негативните последици остануваат во земјава.

— реклама —

„Мерката за 500 метри оддалеченост само од училиштата не е судир со коцкарската индустрија, туку договор со неа“, порача пратеникот на Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања