Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Владата отвора центар за одговор на сајбер инциденти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 час -

Македонија
media-librarytutrt67tk1eqbGWyhLB

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека сајбер безбедноста е поставена високо на агендата на Владата, како на национално, така и на меѓународно ниво.

— реклама —

Тој информира дека се отвора нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, со инвестиција од околу 1,5 милиони евра, кој ќе овозможи следење во реално време и брза реакција на закани кон институциите и критичната инфраструктура.

— реклама —

„Сајбер безбедноста ја поставуваме високо на агендата – и дома и на меѓународно ниво“, истакна Андоновски.

— реклама —

Дополнително, најави дека дигитализацијата и сајбер безбедноста ќе бидат дел од Стратешкиот дијалог со САД, кој ќе се одржи следната недела во Вашингтон.

— реклама —

„Очекуваме конкретни резултати за граѓаните, економијата и институциите“, посочи Андоновски.

Паралелно, како што додаде, продолжуваат дигиталните реформи, меѓу кои електронската архива (еДМС) и воведување нови е-услуги преку платформата uslugi.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања