На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција од државни хартии од вредност од 3.300.000.000 денари односно 53, 6 милиони евра.
Ова е едно од низата на задолжувања кои ги прави владата и Министерството за финансии додека економијата тоне. Имено ,експертската јавност континуирано предупредува за зголемувањето на јавниот долг кој достигна над 50 % од БДП што е алармантно.