Промени тема
Контакт

Владата предводена од СДСМ вчера го усвои новиот Предлог Закон за заштита на потрошувачите, вели Николова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Владата предводена од СДСМ вчера го усвои новиот Предлог Закон за заштита на потрошувачите, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

„Преку ова законско решение се обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, но и се гарантираат полесни услови за деловно работење на компаниите.

— реклама —

Преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите овој закон ќе овозможи подобро остварување на правата на потрошувачите.

За првпат со овој Предлог Закон сериозно внимание се става на санкционирање на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги тука и недвижностите, дигиталните услуги и содржини.

— реклама —

Потрошувачите чии права се повредени преку нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надомест на штетата, на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците се предвидени глоби, санкции и забрана за вршење на дејност.

За прекршување на одредбите од овој закон предвидени се глоби од 50 до 500 евра за одговорно лице и трговец поединец, односно од 500 до 10.000 евра за трговците во зависност дали станува збор за мал, среден или голем трговец.

— реклама —

Светската економска криза на површина извади многу нечесно и измамничко постапување на одредени трговци на штета на потрошувачите.

Со овој закон значително ќе се унапреди заштитата на потрошувачите и ќе се стави крај на неетички, измамнички пракси од страна на трговците.

— реклама —

Согласно постапката овој Предлог Закон ќе влезе во собраниска процедура и очекуваме сите пратеници да го поддржат за тој да биде што поскоро усвоен и да стапи на сила.

Заштитата на граѓаните и нивниот животен стандард останува врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања