Владата разгледува решение со кое ќе се продолжи продолжи породилното отсуство на мајките чиешто породилно отсуство завршува овој период, а поради мерките за заштита од коронавирусот, не може да обезбедат уверение од градинка, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што кажа министерот, на одлуката ќе ѝ претходат законски измени, а јавноста ќе биде информирана за деталите веднаш по донесувањето на одлуката.
фото: Архива