Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување, обвини Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
antonijo-antonio-milososki-milosovski

„Скандалот со М-НАВ уште еднаш покажа дека оние кои незаслужено станале обвинители и судии се тие кои ја рушат довербата во правосудството. Загрижувачки е што владата на ДУИ и СДСМ спрема уште стотина такви“, вели пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Имено, на 22-ри јануари се полага главниот квалификациски тест за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). Но, за да може оние од списоците на ДУИ и СДСМ да поминат со максимум бодови, владата донела заклучок квалификацискиот тест да се полага писмено, наместо електронски.

— реклама —

Ова е спротивно на членот 39 од Законот за АСЈО каде изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат, а се со цел да не може некој од Управниот одбор на АСЈО да им ги доодговори прашањата на владините фаворити за судии и обвинители.

— реклама —

Владата се брза да протне уште 100тина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување. Но, Директорката на АСЈО, Габер, како и членовите на Управниот одбор треба сериозно да размислат дали ќе постапуваат по заклучокот на владата или ќе ги почитуваат законските обврски за полагањето на квалификацискиот тест. Како поука може да им биде случајот на Мухамед Зеќири, кој како генерален секртар на владата предност им даваше на владините заклучоци, наместо на законските норми, но потоа не заврши славно!

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања