ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Владата се фали Мерките за чист воздух, придонесуваат за намалување на аерозагадувањето, а граѓаните се гушат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
17122019_VRSM_MZSPP_Kavadarci4

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, на која се разговараше за поддршката што општината ја доби од програмата на МЖСПП за намалување на загадувањето, и за промена на стари врати и прозорци за енергетски ефикасни објекти на дел од општинските и подрачните училишта.

— реклама —

„Ме радува што заеднички соработуваме во зачувувањето на здравата животна средина, но и намалувањето на аерозагадувањето, како еден од најголемите предизвици што постои во нашата земја.  Денеска во рамки на имплементацијата на Планот за чист воздух на Владата на Северна Македонија, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, посетивме дел од училиштата каде се врши замена на загадувачките системи за затоплување со еколошки, како и на објектите каде е предвидена замена на старите прозорци и врати, со цел подобрување на енергетската ефикасност. Она што сакам да го нагласам е дека ова не само што е добро за децата кои учат таму, туку тоа значи и заштеда на пари“, рече заменик министерот Макрадули.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев потоа направија обиколка на објектите кај кои веќе се спроведуваат активности за енергетската ефикасност во вкупна вредност од 1,8 милиони денари во основните училишта „Страшо Пинџур” во Возарци, „Страшо Пинџур” во Дреново, „Тоше Велков Пепето” во Кавадарци, потоа во ЕМУЦ „Киро Спанџов“ во Кавадарци и во ученичкиот дом во Дреново.

— реклама —

Како дел од мерките од Планот за чист воздух, ќе бидат заменети нееколошките системи за греење на јавните во ОУ „Димката Ангелов – Габерот“ и во детската градинка „Рада Поцева” во Кавадарци и за овие интервенции се определи 5,2 милиони денари.

„Во една заедничка борба, ќе успееме да се справиме со предизвиците за заштита на животната средина.Успехот зависи од интегрирана и координирана акција на сите чинители, на централната и локалната власт, деловната заедница и граѓанските здруженија“, истакна заменик министерот Макрадули.

YDYDHBfT7xg

фото: MЖСПП

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања