Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Владата се огласи за доаѓањето на Лавров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
fasdfasdf

На денешната седница, Владата донесе дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација, со којашто се ограничува пристапот на воздухоплови на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со којашто Република Северна Македонија е целосно, односно 100-процентно усогласена.

„Преку ова дополнување, надлежните министерства за надворешни работи и за одбрана ќе можат дополнително да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржувањето на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година.

— реклама —

Дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки, со коишто, за меѓународни конференции како што е Самитот на ОБСЕ во Скопје, се предвидени исклучоци за предметни рестрикции“, вели Владата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања