Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Владата се откажа - нема пари за субвенции за автомобили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Нема пари за субвенции за купување на возило наредната година. Откако министерот за економија Крешник Бектеши помпезно ја најави оваа мерка со задолжително откажување на старото возило, Владата се откажа.

Министерот Бектеши, тврди дека не ги излажал грѓаните, туку напротив ќе се донесе решение кое ќе биде најдобро и ќе опфати повеќе граѓани.

— реклама —

„Нема директно во буџетот предвидени средства за реализација на втората мерка која е предвидена во Законот за возила, а тоа е откажување на старо возило со купување на  ново возило со директна субвенција. Ќе одиме со друго решение со кое ќе овозможиме на повеќе заинтересирани граѓани да ја искористат таа мерка или таа поволност која можеме да ја дадеме  со законско решение. Значи нема да има директно субенционирање пари директно, но мометално работиме на законски измени“, вели Бектеши.

Опцијата за субвенционирање на автомобилите со 3.000 евра беше најавена во текот на летото. Оваа мерка предвидуваше да придонесе кон намалување на аерозагадувањето кое веќе години наназад е најголем проблем на граѓаните.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања