Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Владата се пишмани: Лутеницата, фефероните, цвеколото не се повеќе лускузни производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
cveklo-fefe

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

„Одлуката, предложена од Министерството за финансии, е во насока на допрецизирања околу примената на повластена стапка од 5% и за подршка на домашната економија и заштита на стандардот на граѓаните.

Согласно одлуката, со повластената стапка на ДДВ од 5% се даночат најголем дел од основните прехранбени производи. Меѓу нив се и производите како урдата, замрзнато тесто, бебешки каши и адаптирано млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали како растителниот кашкавал, лутеница, хербални чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони, што со одлуката се прецизира дека се оданочуваат со повластената стапка на ДДВ од 5%.

— реклама —

На седницата е потенцирано дека целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од човечката исхрана се оданочува со најниска повластена стапка од 5%.

Денешната владина одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а е предвидено да се применува од 13 октомври 2023 година.

— реклама —

Владата на денешната седница го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори и склучување на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Централноевропскиот договор за слободна трговија, го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.

— реклама —

По успешно завршените преговори за склучување на Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за доктори, стоматолози и архитекти од минатогодишниот Самит на Берлинскиот процес, работните групи го продолжија заокружувањето на Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за останатите четири регулирани професии.

Договорот за взаемно признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во контекст на Договорот за слободна трговска соработка на Централна Европа се заснова на принципот на автоматско признавање согласно Директивата на ЕУ 2005/36/ЕЗ за признавање на професионални квалификации и е во насока на постигнување успешна и целосна имплементација на одредбите за внатрешен пазар на ЕУ, во рамките на сите шест земји од Западен Балкан. Дел од иницијативата за формирање на Регионален Економски Пазар 2021-2024, согласно заклучоците од Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Софија (2020 година)“, велат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања