Промени тема
Контакт

Владата се задолжува за тековни трошоци, а не за вложување во инфраструктура и зголемување на производствената моќ на економијата, смета Славески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slaveski16032022.jpg

Најдобро би било да не сме во ситуација да позајмуваме од надвор затоа што позајмуваме дали за преживување дали за тековни трошоци, а не за вложување во инфраструктура и зголемување на производствената моќ на економијата, изјави универзитетскиот професор и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески, во вечерашното интервју во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М.

Славески вели дека загрижува фактот што не се зборува доволно зголемувањето на јавниот долг, укажувајќи дека претходно се кревало фама ако јавниот долг од 30 се зголемил на 35 проценти, а сега како што рече тој како да е нормално зголемување на јавниот долг на 60 проценти.

— реклама —

Знаеме дека немаме некоја заштеда или резерва која што служи за вакви тешки времиња, немавме ни пред почетокот на пандемијата, па го зголемија јавниот долг за најмалку 10 процентни поени. Мене ме загрижува една работа што некако го умртвија оној критички став кон задолжувањето и растот на јавниот долг во земјата, додаде тој.

Толку се возбудува кога јавниот долг порасна од 30 на 35 проценти, а сега некако како да е нормално дали е 50, 55 или 60 проценти, посочи Славески.

— реклама —

Славески потенцираше дека зголемувањето на јавниот долг значи дека државата плаќа повисоки камати за сервисирање на долгот, нагласувајќи дека секое зголемување кај јавниот долг всушност значи поскапо задолжување кај банките кои ја ценат кредитната состојба.

— реклама —

Зголемувањето на јавниот долг всушност значи дека плаќаме многу повеќе за камати, за сервисирање на долгот, мислам дека беше изнесен и податок дека 1,5 проценти од БДП одат за отплата на камати, ние толку не трошиме за народна одбрана на земјата како членка на НАТО. Второ секое зголемување на јавниот долг кај кредиторите кон кои ќе се обраќате во иднина, кога банките ја ценат кредитната способност секако нели ќе ја зголемуваат она премија за ризик што ја наплаќаат, односно ќе значи поскапо задолжување, рече Славески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања