Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Владата седи со скрстени раце додека Скопје се поплави, каде е системот за растурање на облаци со кој се фалеше, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
gradnevreme

Со системот за растурање на облаци, владата седи со скрстени раце додека Скопје се поплави, каде е системот со кој се фалеше,вели ВМРО-ДПМНЕ

„Димитар Ковачевски и институциите под владата не направија ништо за да помагаат во справување со последиците од невремето во Скопје.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ сами без асистенција од централната власт ги санираа штетите од поплавите, недостасуваше реакција од страна на Владата.

— реклама —

Скандалот е уште поголем бидејќи Владата преку УХРМ трета година по ред распишува тендер за набавка на систем за справување од непогоди, попознат во јавноста како систем за растурање на облаци. За кој годишно се плаќа 1 милион евра, а од кој немаме никаков ефект.

Одговорност треба да има во институциите, Владата, УХРМ и другите надлежни во овој домен кои можеле, а не преземале ништо со цел ублажување на последиците.

— реклама —

Димитар Ковачевски како да не е премиер и како да не живее во државата. Скопје се соочи со огромна временска непогода, а тој не се ни потруди да помогне.

— реклама —

Да не беше навремената реакција од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ последиците ќе беа катастрофално лоши.

Најлошото е спречено. Но народот мора да се обештети за штетите кои ги претрпе. Ја повикуваме Владата да формира тело кое ќе работи на процена на штетите на домовите и деловните објекти и ќе изврши најбрзо можно обештетување. А, веднаш потоа да има одговорност за сите во ланецот одговорни во институциите на чело со Ковачевски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања