Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Владата си поигрува со болните, а прокоцка околу 40 милиона евра од пропаднатата еврообврзница и не изградбата на клинички, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
aerial_2

Македонија, а и здравството го водат луѓе без план за граѓаните. Здравството го водат луѓе кои имаат план само за лични интереси. Секоја постапка се случува или не во зависност од тоа дали имаат интерес, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ова резултира со негрижа за граѓаните, за пациентите. Требаше да почине пациент со цистична фиброза за да се освестат. Надлежните заплеткани во лаги набавија лек само за осум пациенти.

— реклама —

Сите останати со оваа болест се изиграни. Станува збор за 120 пациенти на кои исто им треба лекот Трикафта, но за нив нема. Не и биле во план на криминалната екипа на Димитар Ковачевски. Овие ликови на Ковачевски си тераат само пи ар.

Не дека се нема пари, ама не ги интересираат граѓаните. Колку за илустрација Владата загуби 18 милиони евра од пропаднатата еврообврзница, Владата треба да плати отштета околу 20 милиони евра за прекин на договорот за изградба на нов клинички Мајка Тереза.

— реклама —

Само по овие два основи, односно поради неодговорната власт пропаѓаат околу 40 милиони евра!

— реклама —

Граѓаните плаќаат висока цена за нивната неодговорност. На граѓаните им требаат одговорни политичари. Политичари кои ќе се грижат за нивното здравје. Затоа оваа криминална екипа на Ковачевски мора да замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања