Владата среде криза дала 400 илјади евра за да ја нема Македонија на рекламите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
273891158_635937820806304_6210116644344671792_n

Додека над 400 илјади граѓани живеат во сиромаштија, владата на антимакедонската СДС доделува 400 илјади евра на агенција Рејтинг за осмислување и реализација на 1-дневен Фестивал на храна и вино и претставување на саем. Да биде скандалот уште поголем, токму на тој саем, според информациите на медиумите е забрането користење на термините МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИ за производите кои ќе бидат презентирани. Очигледно Владата дала 400 илјади евра на агенцијата Рејтинг за да не се користи терминот Македонија во рекламите, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Агенцијата Рејтинг јавноста ја познава по анкетите на јавно мислење во кои по правило предност и дава на СДС. Токму оваа агенција во сопственост на Никола Спасов среде криза добива буџетски пари за саем и фестивал за храна и вино, а во исто време земјоделците кои произведуваат храна, се молат за евро повеќе помош од владата. Ете до каде оди забеганоста на оваа влада предводена од антимакедонската СДС.

— реклама —

Патем во оваа агенција до скоро работеше и сегашниот шеф на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов. Оттука се поставува прашањето дали со ваквите исплати на буџетски пари, владата на Ковачевски си наплатува нови анкети во кои ќе се шминка рејтингот на неговата однародена влада?

— реклама —

Заради ваквото бесрамно трошење на народни средства, нема пари за граѓаните, нема пари за земјоделците, нема пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си обмислува фестивали за дебели хонорари, народот тоне во сиромаштија. За ова мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања