Промени тема
Контакт

Владата вели има пченица, а мелничарите велат дека немаат резерви веќе, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pcenica

„Власта на СДСМ и ДУИ лажеше дека Македонија има доволно пченица, а сега најавуваат дека ќе бараат од Бугарија и од Србија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

„Власта на СДСМ и ДУИ самата изјави дека знаеле каква криза ја очекува државата уште од ноември и не се подготвиле на време, како што тоа го правеле одговорните власти од другите земји.

— реклама —

Власта на СДСМ и ДУИ тврдеше дека резервите се полни, а сега се доведуваме во ситуација мелничарите да алармираат дека нивните резерви со пченица се за период од неколку дена и дека ако не внесеме пченица од странство нема да има што да обработуваат.

— реклама —

Состојбите се алармантни, а владата очигледно дека нешто мати.

Ако има пченица како што тврдат Николовски, но и целата влада, зошто не се интервенира на пазарот со домашните резерви за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи?

— реклама —

Оваа влада дозволи народот плаќа 110% поскап леб од лани, но постојат стравови дали воопшто има Македонија доволно пченица и дали ако се увезе ќе се увезува многу поскапо што уште еднаш ќе удри по стандардот на граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања