Промени тема
Контакт

Владата враќа само мал дел од тоа што им скрати на пензионерите, недоволно ни за трошоците за зејтин во месецот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

„Владата враќа само мал дел од тоа што им скрати на пензионерите, недоволно ни за трошоците за зејтин во месецот, потребно е покачување од 20% на пензиите“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Лидија Тасевска.

ВМРО-ДПМНЕ додава:

— реклама —

„Владата го укина моделот на раст на пензиите кој сега го враќа во 2018 година. 3 години тие крадат од парите на пензионерите. Тоа што не им е исплатено на пензионерите изминативе 3 години, тие нема да го надоместат, туку даваат само мал дел од тоа што им земале.

Во услови кога цените на основните продукти и горивата се покачени и за 70%, 1.000 денари за 3 месеци за пензионерите не се никаква помош, и не можат ниту да ги израмнат пензиите на куповно ниво од пред поскапувањата.

— реклама —

СДСМ да не гледа краткорочно за некоја ситна политичка корист, и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, тоа ќе ги израмни пензиите и ќе го зачува стандардот на пензионерите.

— реклама —

Но наместо на зголемување на пензиите, СДСМ и ДУИ се зафатени како од голтари да станат милионери“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања