ВМРО-ДПМНЕ со манипулации, неосновани конструкции и шпекулации, сака да ја доведе јавноста во заблуда. Неточни се наводите дека набавките се однесуваат само на Владата, истите се однесуваат на сите институции: Собрание, Влада и Претседател.
Што се однесува до самите договори, станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции. Потоа, преку тековните набавки кои се реализираат во рамки на тие рамковни договори се нарачуваат потребните количини.
Исто така треба да се има предвид дека проценетите вредности на рамковните договори се исти со години наназад, иако малопродажните цени се далеку повисоки, што говори за определбата за домаќинско економско работење.
Владата на Република Северна Македонија, во време на криза им наложи на сите институции да ги рационализираат ресурсите и потребите, и да се придржуваат кон насоката за максимално елиминирање на непродуктивните трошоци. Една од основните определби на Владата е за време на тековната криза сите ресори на извршната власт да се сообразат со условите и одговорно, заеднички и солидарно да учествуваат во напорите за надминување на влијанијата на кризата.
Имајќи го тоа предвид, напоменуваме дека и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во своето работење се прилагодува на овие препораки и задолженија за штедење, и тоа се рефлектира во финално потрошените средства за потребите на институциите кои се далеку пониски од предвидените и планирани средства.
Владата иако знаела дека ќе има криза, набавила над 400.000 кафиња - вкупно потрошила над 2 милиони евра, обзнани Арсовски
„Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е директен виновник за кризата со која што во моментов се соочуваат граѓаните на Република Македонија. СДСМ и ДУИ како Влада знаеле уште пред 4 месеци дека ќе има ваква криза која произлегува како резултат на други дејствија кои што се случуваат во светот. Информациите ги имале, но сепак одлучиле воопшто да не се интересираат како да допридонесат и помогнат на граѓаните, туку да ги остават граѓаните да тонат во сиромаштија и немаштија. Е сега, лицемерието на
Македонија | пред 4 години