Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Владата започна со реализација на мерките за намалување на аерозагадувањето, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zagaduvanje-2

„Владата предводена од СДСМ, надлежните институции започнаа со реализација на мерките кои имаат цел намалување на аерозагадувањето и надминување на деценискиот проблем со загадениот воздух.

— реклама —

Од страна на Владата, отворен е јавен повик за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени и административни објекти во најзагадените градови во Република Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат градовите и општините каде што има висока концетрација на ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

— реклама —

Истовремено, од Министерството за економија, отворен е јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на сончеви колектори, алумински и ПВЦ прозорци.

Оние граѓани кои ќе постават сончеви термални колекторски системи имаат можност да аплицираат и да добијат поврат на средства до 30 отсто од трошоците, но не повеќе од 15.000 денари, додека граѓаните кои ќе постават алумински или ПВЦ прозорци ќе добијат поврат до 50 отсто од вкупната сума но не повеќе од 25.000 денари.

На овој начин ќе им се помогне на граѓаните кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикансост но и да се префрлат на еколошки начин на затоплување со што ќе влијаат врз намалување на загаудвањето. За реализација на оваа мерка обезбедени се 30 милиони денари.

Континуирано се преземаат мерки на краток, среден и долг рок кои имаат за цел надминување на деценискиот проблем со загадувањето и обезбедување чист воздух и здрава животна средина“, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања