„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Владиката Петар со силно велигденско послание: Општеството да се разбуди по трагедиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
vladikata-petar

Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар упати силно велигденско послание до верниците, во кое покрај духовната порака за Воскресението Христово, испрати и сериозна опомена за состојбите во општеството.

Во обраќањето, владиката нагласува дека Воскресението не е само спомен, туку жива сила што го осветлува патот на човекот и ја победува смртта, гревот и очајот. „Христос воскресна не за Себе, туку за нас – за да нè ослободи од гревот и да ни подари живот вечен“, порачува митрополитот.

— реклама —

Тој истакнува дека вистинскиот мир доаѓа од верата, а не од светските околности, додавајќи дека тоа е мир кој не може да биде нарушен ниту од војни, ниту од кризи.

— реклама —

Но, централниот дел од пораката е посветен на трагичните настани што ја потресоа јавноста во изминатиот период, вклучително и случајот со мајката Ивана и нејзината ќерка Катја, како и повеќе убиства во неколку градови низ државата.

— реклама —

„Да се посегне по сопствениот живот или по животот на своето дете е трагичен писок на душата која ја изгубила надежта“, наведува митрополитот, предупредувајќи дека ваквите случаи не смеат да останат само краткотрајни вести, туку треба да бидат аларм за целото општество.

Тој повикува на поголема грижа за ранливите, препознавање на знаците на страдање и активна улога на институциите, но и на секој поединец.

„Не смееме да дозволиме човечкиот живот да стане бројка во извештај или случај во архива“, потенцира Петар, додавајќи дека општеството мора да реагира навреме и одговорно.

Во пораката се упатува и повик до сите кои страдаат или се соочуваат со очај да не се затвораат во себе, туку да побараат помош, нагласувајќи дека Црквата останува отворен дом за сите.

Посланието завршува со повик за духовно будење, љубов и заедништво, со традиционалниот поздрав: „Христос воскресе – навистина воскресе!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања