Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Владимир, Јосиф и Ангела победници на ликовниот натпревар „Моите соседи како мои пријатели“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
57209068_442001383214696_2539526128180133888_n

Денеска во ТЦ „Капитол мол“ се одржа ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта од Општина Аеродром цртаа на тема: „Моите соседи како мои пријатели“, во организација на Општина Аеродром, Европското движење, Европската делегација и ТЦ „Капитол мол“ по повод прославата на 9 Мај, Денот на Европа.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, претседателката на Советот;

— реклама —

Ивана Цветковска и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска, им ги доделија наградите на победниците во трите категории.

— реклама —

За најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на Владимир Анастасовски од градинката „Срничка“, објект „Калинка“.

Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на Јосиф Најдовски од III 1 од ООУ „Гоце Делчев“.

— реклама —

Ангела Зимбакова од VIII 3 од ООУ „Лазо Ангеловски“ е избрана за најдобра во категоријата од предметна настава.

— реклама —

Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол мол“ до 9 мај.

Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања