Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Владимир Панчевски не исполнува услови за државен обвинител, в.д. обвинителката Топалова-Исајловска доби позитивно мислење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library63v5708mlnqh1rKzj8Y

Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови за да биде оценуван како кандидат за државен јавен обвинител, откако членовите на Совет на јавни обвинители заклучија дека нема непрекинат работен стаж од најмалку 10 години. Со тоа, тој не може да конкурира за функцијата републички јавен обвинител на местото на разрешениот Љупчо Коцевски.

Истовремено, в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска доби позитивно мислење од членовите на Советот.

Меѓу останатите кандидати се обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичен суд Скопје Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ. Расправата по кандидатурите е во тек.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која потоа бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот е должен во рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и треба да му предложи на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycq6d98joatkn5esykMQ

Панчевски: Очекувајте Груби за брзо да ја врзе машната

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryvn1kc32nansderUf4Uz

Панчевски најави кривична пријава до членовите на Советот на обвинители: Советот при очи сите нè направи слепи

Коментари | пред 1 месец

media-library96eieugc7clj1ROl9P7

Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања