Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Владина делегација на средба со Столтенберг во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-dimitrov

— реклама —

— реклама —
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ќе престојуваат во еднодневна работна посета во Брисел, во седиштата на ЕУ и НАТО.

Владината делегација во Европската Комисија на ЕУ ќе учествува во работата на Комитетот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава премиерот Заев, а во седиштето на НАТО е предвидена билатерална средба со Генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Според програмата, во Европската Комисија ќе се одржи прес-конференција на премиерот Заев со високата претставничка на ЕУ и еврокомесарка за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, а во седиштето на НАТО е предвидена заедничка прес-конференција на премиерот Заев и Генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања