Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Владина делегација положи цвеќе на споменикот кај Карпалак и во Прилеп во чест на загинатите бранители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Владина делегација предводена од советникот за одбрана, Драган Василевски, денеска положи свежо цвеќе на спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово, со што им оддадоа почит на загинатите десетмина припадници на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Во чест на загинатите бранители свежо цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак положи и делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во состав со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и полковникот Новица Стојановски.

— реклама —

— реклама —

Владината делегација предводена од советникот Драган Василевски положи свежо цвеќе и на комплексот „Карпалак“ во Прилеп, каде што цвеќе положи и почит оддаде и делегација на Министерството за одбрана, предводена од државната советничка Мирјана Штеријова и претставници од Армијата.

На одбележувањето на 22-годишнината од трагичниот настан со државни почести почит оддадоа и државни и воени делегации, меѓу кои делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, потоа делегации на политички партии, како и од здружението на бранители „Карпалак“.

На 8 август 2001 година на автопатот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак, од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници.

— реклама —

Во оружен конфликт во 2001 година, во трагичен настан кај месноста Карпалак, животот го загубија десетте припадници на резервниот состав на Армијата, сите од Прилеп и Прилепско: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Марко Деспотоски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања