Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-krusevo

Централната прослава на големиот државен празник 2 Август Илинден – Денот на Републиката кој оваа година се одбележува под слоганот „Сите сме деца на Илинден“ во Крушево започна со оддавање почит и положување на свежо цвеќе и венци на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република во Македониум.

Претседателот на Владата ,Зоран Заев предводеше висока владина делегација во состав Заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министер за здравство, Венко Филипче, министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерка задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски којашто положи цвеќе и оддаде почит.

— реклама —

— реклама —

Потоа, владината делегација предводена од премиерот Заев оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Слива, којшто се наоѓа во близина на Крушево и претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.

— реклама —

На прославата во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, учествуваше владина делегација во состав од Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и Благе Петровиќ, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања