Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Владина делегација положи венец и оддаде почит пред споменикот „Мајкино скршено крило“ за помен на загинатите припадници на поранешната ЈНА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
15112019_VRSM_polozuvanje_cveke_2

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од Националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов и Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана на премиерот Заев , денеска положи венец на споменикот „Мајкино скршено крило“на плоштадот „Слобода“.

— реклама —

Претставниците на Владата оддадоа почит на педесет и четворицата загинати припадници на поранешната ЈНА, кои настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година.

— реклама —

По повод поменот на припадниците на поранешната ЈНА, кои загинаа во војните при распадот на СФР Југославија, а потекнуваа од нашата држава, Армијата на РСМ организирашецеремонија за полагање венци цвеќе со воени почести.

— реклама —

— реклама —

На настанот, кој е во организација на „Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92“во соработка со Националниот координатор за воени и полициски ветерани Ангелов, присуствуваа и положија цвеќе и претставници на семејствата на воените  инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски,како и делегации предводени од началникот на Генералштабот на АРСМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и од градоначалниците на Општина Центар и на Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања